6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМ Кеш ја зацврсти соработката со “Еден на Еден”

М Кеш ја зацврсти соработката со “Еден на Еден”

Партнерството меѓу М Кеш и маркетинг агенцијата Еден на Еден продолжува и оваа година, а веќе во етер е првата од серијата рекламни кампањи за 2022 година. Овој пат, М Кеш оди без музика и рецитирање, а повторно бренд амбасадор е едно од најпознатите ТВ лица кај нас, Жарко Димитриоски, воедно и креативен директор во маркетинг агенцијата Еден на Еден.

По 7 години на пазарот, како прва компанија која го проби мразот во сегментот на брзи кредити, М Кеш најавува и многу новитети за оваа 2022, но се уште не ги открива сите во првите два спота од серијалот нови спотови за оваа година.

“Среќен сум што резултатите од ланската кампања беа толку успешни и продолжуваме онаму каде што застанавме со нашите партнери од М Кеш. Имаат одличен тим во Скопје и Софија, големи професионалци се и соработката оди совршено. Лани имав ретка привилегија да се потпишам како режија, сценарио, но и главна улога, па самото тоа што вакво уникатно нешто се повторува и што повторно имам задоволство да сум нивен бренд амбасадор, ме прави многу благодарен”, вели Жаре.

Силвија Александрова го надгледува процесот од нејзината канцеларија во Софија, како директорката на регионалниот маркетинг за М Кеш и останатите брендови на компанијата Easy Credit. За соработката со познатата македонска маркетинг агенција вели – Благодарна сум на агенцијата Еден на Еден за професионалната работа, исклучително пријатно е да се работи со сите колеги од агенцијата. Обрнуваат внимание на секој детал, кон секој еден заеднички проект со М Кеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП