26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКупувањата во физичките продавници ја намали прогнозата на „eBay“

Купувањата во физичките продавници ја намали прогнозата на „eBay“

Американскиот гигант за е-трговија „eBay“ даде мрачна прогноза за првиот квартал, бидејќи се бори со намалената онлајн побарувачка, силната конкуренција и проблемите со глобалниот синџир на снабдување. Веста доведе до пад од 9% на цената на акциите на компанијата за време на тргувањето по берзата во САД.

Компаниите за е-трговија остварија големи профити откако онлајн купувањето процвета минатата година за време на пандемијата, но зголемената вакцинација може да доведе до проблеми бидејќи луѓето се враќаат на купување во физичките продавници.

Најголемиот конкурент и онлајн гигант „Amazon.com“, исто така, предвидува разочарувачки приходи од продажба во првиот квартал.

„еBay“, кој веќе се бори со намалените активни корисници, очекува дополнителен удар бидејќи зголемените инвестиции вршат притисок врз маржите.

„Вториот квартал веројатно ќе биде обележан со дното на маргините за годината додека поминуваме низ предизвици и го зголемуваме темпото на нашите инвестиции“, рече финансискиот директор Стивен Прист.

Цената на акцијата на „еBay“ падна на 50,28 долари за време на тргувањето после работното време во петокот. Од почетокот на годината падот е 18%, додека поширокиот „S&P“ индекс се намали за 11%.

„еBay“ очекува неговата приспособена заработка за првиот квартал да биде помеѓу 1,01 и 1,05 долари по акција од 2,43 милијарди долари до 2,48 милијарди долари. И двете прогнози се под очекувањата на Волстрит.

Прогнозите за приходите и профитот за 2022-ра година се исто така пониски од очекуваните.

Во меѓувреме, „eBay“ објави приспособена заработка од 1,05 долари по акција и 2,61 милијарди долари приход за четвртиот квартал кој заврши на 31-ви декември, што беше над прогнозите според „Refinitiv“.

Дел од приходот на „eBay“ доаѓа од рекламирањето на неговата платформа, кое надмина 1 милијарда долари во минатата година, соопшти компанијата.

Сепак, бруто обемот на стоки – вкупната вредност во долари на продажбата на „eBay“, од која „eBay“ добива процент, падна за 10% на 20,7 милијарди долари. Годишните купувачи на „eBay“ исто така паднаа за 9 проценти на 147 милиони во кварталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП