26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо Холандија отворени Стив Џобс училишта

Во Холандија отворени Стив Џобс училишта

stiv jobs

Во новиот образовен експеримент, децата во холандските школи сами ќе одберат што и каде сакаат да учат, а во училиште ќе доаѓаат кога ќе посакаат. Се ќе работат преку таблет. Во Стив Џобс училиштата секој ученик од четвртата година ќе добие свој „iPad“ и сам ќе одбере што и кога ќе учи.

Учителите повеќе нема да имаат само улога на предавачи на знаење и лекции, туку ја превземаат улогата на „тренери“ кои ќе ги поддржуваат децата во нивните индивидуални и групни проекти.

Првите седум вакви основни училишта се отворени во Холандија, а ќе бидат вкупно 11. За нивното отворање е задолжена фондацијата „Образованите на новото време“ (O4NT).

Училиштата се фокусирани на користење на таблети во своите учења и сите други активности. Па така таблите, распоредите, но и родителските состаноци ќе бидат преселени на таблетите и ќе се следат преку апликации.

Моментално во две училишта се нуди образување со помош на „iPad“ во сите одделенија, додека во останатите ќе се шири како што ќе растат децата. Меѓу апликациите кои се наоѓаат на таблетите се и „sCoolSpace“, виртуелно игралиште за секое училиште каде децата можат да се дружат во вистинско време.

Учениците и учителите имаат свои аватари, а можат да комуницираат со пораки или преку „FaceTime“. Родителите исто така преку посебна апликација можат да го следат напредокот на своите деца.

Покрај тоа децата можат да дојдат на училиште кога сакаат, во периодот од 7.30 до 18.30 часот, а потребно таму да се во периодот помеѓу 10.30 и 15 часот.

Покрај тоа на родителите им е полесно да ги организираат и одморите, затоа што виртуелното училиште е достапно секогаш и секаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП