5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Realme“ цели високо, на мета се „Apple“ и „Samsung“

„Realme“ цели високо, на мета се „Apple“ и „Samsung“

Моделите „Realme GT2“ и „GT2 Pro“ ќе дебитираат следната недела на Светскиот саем за мобилни телефони, MWC 2022 во Барселона. Ова е првпат „Realme“ да се појави на најголемиот настан за мобилни телефони во светот, што дефинитивно ја покажува својата намера да се прошири глобално надвор од границите на домашниот пазар во Кина.

Целта е јасна, напад на пазарот на најпребирливите корисници и таканаречената „флагшип“ конкуренција. „Realme“ не им е познат на купувачите во Западна Европа и американскиот пазар, но бележи брз раст на продажбата на остатокот од светскиот пазар. Во последниот квартал од минатата година испорача 20,65 милиони мобилни телефони, што е за половина повеќе отколку во истиот период во 2020-та година. Во исто време, „Apple“ забележа пад, додека „Samsung“ практично стагнира со само 8% раст.

Сепак, треба да се има предвид дека „Realme“ на глобално ниво има многу мал удел на светскиот пазар од само 6%. За споредба, „Apple“ испорача 81,5 милиони во последниот квартал од минатата година. Сепак, „Realme“ прави големи чекори и има јасни цели, особено на пазарите чувствителни на цени и каде што клиентите се грижат за тоа колку трошат на мобилен телефон, по можност модел со што е можно повеќе нови функции. Во согласност со таквата стратегија, „Realme“ се појави како втор најпопуларен производител на индискиот пазар.

Сепак, целта на сите е да заработат многу пари, а тоа се случува само на богатите пазари, па јасно е зошто „Realme“ е толку желен да ги таргетира корисниците на „Apple“ и „Samsung“. За да го отвори патот за остроумниот и баран западен клиент, „Realme“ ќе се соочи со сериозни предизвици првенствено во обидот да ги убеди во квалитетот и можностите на нивните уреди и конечно да ги купат наместо моделите на „Apple“, „Samsung“, па дури и на „Xaomi“. Да споменеме дека препорачаната цена за „Realmi GT2“ е околу 600 евра, додека „GT 2 Pro“ ќе биде околу 800 евра.

Следниот голем чекор за „Realmi“ е да ги убеди клиентите кои досега биле навикнати да трошат на познати брендови и да плаќаат исти или слични цени за „Realme“ телефоните. Во таа смисла, „Apple“ и „Samsung“ се голема пречка што треба да се надмине, но од друга страна не треба да се заборават веќе етаблираните и многу популарни брендови „Xiaomi“ и „OnePlus“, кои сигурно нема да седат со скрстени раце и да гледаат како „Realmi“ ги презема нивните клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП