2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Barclays“ со рекордна годишна добивка

„Barclays“ со рекордна годишна добивка

Британската банка „Barclays Plc“ оствари најголема годишна добивка во својата историја благодарение на зголемената активност при склучување зделки на крајот на годината, што го компензира падот на тргувањето со хартии од вредност, објави „Bloomberg“.

Во четвртиот квартал, приходите од тргување на пазарите на капитал и консултации при спојувања и превземања се зголемија за 27% до 956 милиони фунти (1,3 милијарди долари) на годишна основа. За оваа година, овие банкарски провизии се зголемија на 3,7 милијарди фунти, што е нивна највисока вредност од најмалку 2014-та година.

Добивката на групацијата пред оданочување се искачи на 1,47 милијарди фунти во кварталот, што е повеќе од двојно во истиот период од минатата година и над очекувањата бидејќи банката ослободи повеќе средства издвоени порано во пандемијата поради можни лоши заеми.

Годишната добивка пред оданочување достигна 8,4 милијарди фунти, што е највисока сума во историјата на банката.

„Оштетувањата се очекува „да останат под нивото пред пандемијата во наредните квартали поради намалените салда на необезбедени заеми и подобрените макроекономски изгледи“, соопшти банката.

Лондонската „Barclays“ генерираше најголем дел од приходите од корпоративното и инвестициското банкарство, што значи дека доби повеќе од своите конкуренти фокусирани на мало, благодарение на растот на трансакциите и прибирањето средства во текот на изминатата година. Сепак, овој бизнис може да биде нестабилен – приходите од тргување со инструменти со фиксен доход паднаа за 33% во четвртиот квартал и од тргување со акции за 8%.

Во исто време, трошоците за бонуси се зголемија за 23% до 1,95 милијарди фунти на годишна основа.

Банката соопшти дека планира да откупи акции во вредност до 1 милијарда фунти и понуди дивиденда од 6 пени по акција за 2021-ва година. Водечките банки во Европа, вклучувајќи ги „BNP Paribas“ и „UniCredit“, објавија рекордни дивиденди за нивните инвеститори во наредните месеци по одложените плаќања на избувнувањето на пандемијата со Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП