20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводителите на автомобили стравуваат поради Русија и Украина

Производителите на автомобили стравуваат поради Русија и Украина

Руските дипломатски и воени акробации со Украина го држат целиот свет во тензија, а почнаа и првите санкции кои се однесуваат главно на банкарскиот сектор и некои “кутри” олигарси тесно поврзани со претседателот Путин.

Генерално, ескалацијата на конфликтот никому не му одговара, дури ни на самите Руси, кои живеат од извозот на гас и нафта.

Европските производители на автомобили имаат свои интереси затоа што инвестирале милијарди евра во Русија, а дел од возилата од фабриките на исток одат на запад, односно Германија, Франција…

Европските производители на автомобили имаат големо присуство во Русија, пишува магазинот „HAK“. „Volkswagen“, „Stellantis“, „Renault“ и „Mercedes-Benz“ имаат фабрики во земјата, додека „BMW“ таму произведува автомобили преку рускиот партнер „Автотор“.

Францускиот „Renault“ е сопственик на најголемиот руски производител на автомобили, „АвтоВАЗ“, со голема фабрика во Толјати.

Со „Ladа“, „Renault“ има големи планови и во Европа. „Stellantis“ планира да увезе комерцијални возила „Peugeot“, „Opel“ и „Citroen“ од својата фабрика во Калуга за да ја задоволи зголемената европска побарувачка за услуги за испорака.

Италијанскиот производител на гуми „Pirelli“, кој е во кинеска сопственост, работи со две фабрики во кои работат околу 2.500 луѓе во Русија, произведувајќи гуми за домашниот пазар, но и за извоз.

Од 2006-та до 2021-ва година, „Volkswagen“ инвестираше две милијарди евра во фабрики во Русија, а издвои една милијарда евра само за онаа во Калуга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП