30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВтор ден руска инвазија: Силни експлозии во Киев, Зеленски го осуди Западот

Втор ден руска инвазија: Силни експлозии во Киев, Зеленски го осуди Западот

Вториот ден инвазија врз Украина. Русија изврши напади на главниот град Киев од 4:30 часот по локално време. Агресорските сили напаѓаат од повеќе правци, а ги поддржуваат сепаратистите и Белорусија.

Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите. Европската унија воведе нов пакет санкции против Москва.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека САД засега нема да се мешаат во војната во Украина. Тој најави дека ќе ја отсече Русија од финансискиот свет.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави утринава дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци.

Во телевизиско обраќање Зеленски рече дека руските напади биле насочени и кон воени и кон цивилни цели, пренесува Ројтерс.

„Целта на овој напад е притисок. Притисок врз вас драги граѓани. Притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само на власта, туку и кај сите украинци“, рече Зеленски, пренесе агенцијата УНИАН.

Тој додаде дека нападот го потсетил на нападот на Киев во 1941 година. „Ние сами си ја браниме државата. Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? „Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно“, рече Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП