3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на „Louis Vuitton“ размислува да го купи „Ralph Lauren“

Сопственикот на „Louis Vuitton“ размислува да го купи „Ralph Lauren“

Гигантот за луксузни стоки „LVMH“ размислува да го купи модниот бренд „Ralph Lauren“.

Повикувајќи се на извори кои се запознаени со ова, „Axios“ известува дека двете компании преговарале за можна продажба во последните неколку недели.

Според истите извори, основачот на брендот „Ralph Lauren“, кој е на чело на компанијата од нејзиното основање во 1967-ма година и моментално ги извршува позициите на извршен директор и претседател, разгледува различни опции за тоа кој ќе го наследи на чело на компанијата.

„LVMH“, чии брендови ги вклучуваат „Louis Vuitton“, „Celine“ и „Givenchy“, посериозно влезе на американскиот пазар во последните години. Во јануари 2021-ва година, компанијата го купи брендот за накит „Tiffany & Co.“, откако првично се откажа од договорот за време на пандемијата.

Под водство на Александар Арно, вториот син на шефот на „LVMH“, Бернард Арно, „Tiffany“ претрпе големо ребрендирање. Џеј Зи и Бијонсе се новите амбасадори на брендот.

„LVMH“ можеби се обидува да го стори истото со „Ralph Lauren“. Компанијата со седиште во Њујорк е тешко погодена од пандемијата, но забележа подобрување на продажбата во последниот квартал додека светот се отвора и потрошувачките трошоци се зголемуваат.

Аналитичарите, исто така, велат дека „Ralph Lauren“ добро се справува со привлекувањето помлади клиенти во последниве месеци со испробување на нови дигитални услуги, како што е лансирањето на дигитална колекција облека во метаверзумот во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП