30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија ја нападна Украина! Во државата е прогласена воена состојба!

Русија ја нападна Украина! Во државата е прогласена воена состојба!

Рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина, која ја нарече „специјална воена операција“. Според CNN, експлозии се слушнале во седум украински градови: Киев, Харков, Краматорск, Днипро, Мариупол, Одеса и Запорожје.

Рускиот претседател Владимир Путин одобри „специјална воена операција“ против Украина во четвртокот наутро за да се отстрани, како што рече, сериозна закана.

Претседателот Володимир Зеленски го одобри декретот за вонредна состојба, а парламентот ја одобри мерката.

Путин рече дека неговата цел е да ја демилитаризира и „денацифицира“ Украина.

Руските сили ја нападнаа Украина од Белорусија, како и од Русија со белоруска поддршка во четвртокот околу 5 часот по локално време, а нападот беше извршен и од анектираниот Крим, соопшти украинската гранична служба.

Сепаратистите поддржани од Русија во украински Доњецк започнаа големи напади врз украинските сили долж линијата на контакт, објави во четвртокот портпаролот на руските сепаратисти за Интерфакс.

Украинскиот министер за одбрана изјави дека непријателот започнал интензивно гранатирање на украинските единици на исток, воените контролни центри и аеродромите.

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди неиспровоцираниот и неоправдан напад на руската армија во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП