26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: Русија има оружје на кое му нема равно во светот

Путин: Русија има оружје на кое му нема равно во светот

Во борбената должност на руските вооружени сили се наоѓа оружје на кое му нема рамно во светот, порача рускиот претседател Владимир Путин во честитката по повод Денот на бранителите на татковината, пишува Спутник.

„Обезбедувањето на одбранбената способност на нашата земја останува најважната државна задача, а вооружените сили служат како сигурна гаранција за националната безбедност, мирниот и спокоен живот на нашите граѓани, стабилен и прогресивен развој на Русија“, рече Путин.

Тој посочи дека во земјата во последните години е направено многу во однос на квалитетната модернизација на вооружените сили кои станаа помобилни и стекнаа ново борбено искуство.

„Оружјето на кое не му е рамно во светот е ставено на борбена задача. Ќе продолжиме да развиваме перспективни системи за оружје, вклучително хиперсонично и оружје засновано на нови физички принципи, за да ја прошириме употребата на напредни дигитални технологии и елементи на вештачка интелигенција. „Ваквите системи се навистина оружјето на иднината што значително го зголемува борбениот потенцијал на нашите вооружени сили“, рече рускиот лидер.

Тој посочи дека обуката на персоналот и личните квалитети на војниците и понатаму се од големо значење за вооружените сили.

Рускиот лидер додаде дека повиците на Русија за да се изгради систем на еднаква и неделива безбедност, кој сигурно ќе ги заштити сите земји, остануваат без одговор. Сепак, како што рече, Русија секогаш останува отворена за директен и фер дијалог, за барање дипломатски решенија за најкомплицираните проблеми. Путин нагласи дека интересите на Русија, безбедноста на нејзините граѓани се на прво место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП