20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Faurecia“ очекува секторот да закрепне, но и растот на приходите во 2022-ра

„Faurecia“ очекува секторот да закрепне, но и растот на приходите во 2022-ра

Францускиот снабдувач на автоделови „Faurecia“, кој потпиша договор за преземање на германската „Hella“ на почетокот на февруари, предвидува годишен раст на продажбата бидејќи очекува дека недостигот на полупроводници ќе се намали во втората половина на 2022-ра година.

„Faurecia“ очекува нејзиниот приход од продажба за 2022-ра година да достигне 17,5-18 милијарди евра, што е повеќе од минатогодишните 15,6 милијарди евра.

Групата соопшти дека ќе ги објави насоките за заедничкото вложување „Hella“ во текот на целата година заедно со податоците за продажбата за првиот квартал на 28-ми април.

Новата компанија, која ќе се вика „Forvia“, се очекува да стане седмиот по големина производител на автомобилски делови во светот.

„Нашиот највозбудлив предизвик за 2022-ра година ќе биде одличната можност да ги комбинираме нашите операции и тимови со „Hella“ за да создадеме моќна групација што е многу повеќе од збирот на двете постоечки компании“, рече извршниот директор на „Faurecia“, Патрик Колер, додавајќи дека „Forvia“ е сега е подготвена да ги исполни своите амбиции.

„Faurecia“, која доставува автомобилски седишта, контролни табли и системи за гориво на производителите на автомобили, очекува нејзината оперативна профитна маржа да биде помеѓу 6% и 7% во 2022-ра година, од 5,5% во минатата година.

Нето загубата на групата за 2021-ва година падна на 79 милиони евра од дефицитот од 379 милиони евра во 2020-та година.

Од „Faurecia“ велат дека нејзината прогноза за 2022-ра година се заснова на претпоставката дека глобалното производство на автомобили ќе закрепне на 78,7 милиони возила во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП