4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Safari“ го губи местото на вториот најкористен интернет прелистувач

„Safari“ го губи местото на вториот најкористен интернет прелистувач

Веб-прелистувачот „Safari“ на „Apple“ на десктоп платформата никогаш не бил толку популарен како „Google Chrome“, кој доминира по популарност меѓу корисниците на Интернет ширум светот, но долго време цврсто се држи на втората позиција, пред сѐ поради големата популарност на компјутерите „MacOS“. Сепак, новите податоци покажуваат дека „Safari“ наскоро би можел да ја загуби оваа позиција.

Според „StatCounter“, „Safari“ сè уште е на второто место во јануари 2022-ра година, но двајцата најблиски конкуренти на листата се многу блиску.

„Safari“ го користат 9,84% од десктоп корисниците, а по него е „Microsoft Edge“ со 9,54% пазарен удел. „Firefox“, кој имаше само 8,1% удел во јануари 2021-ва година, доби многу нови корисници во последните месеци и достигна удел од 9,18% меѓу десктоп прелистувачите. „Google Chrome“ останува неприкосновен лидер со 65,38%.

За споредба, 10,38% од корисниците на десктоп пребарувале на Интернет преку „Safari“ во јануари 2021-ва година, што покажува дека прелистувачот на „Apple“ ја губи популарноста во споредба со другите решенија. Доколку овој тренд продолжи, „Safari“ би можел да падне на третото или четвртото место за неколку месеци.

Кога станува збор само за американскиот пазар, „Safari“ со 18,12% сѐ уште има предност пред „Microsoft Edge“ со 12,09%. „Safari“ веќе го загуби второто место во Европа. Секако, треба да се напомене дека „Safari“ е достапен само за „macOS“ (кога станува збор за десктоп), додека другите конкуренти се достапни и за „Mac“ и „PC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП