18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка а.д Битола со рекордна добивка во нејзиното повеќедецениското работење

Стопанска банка а.д Битола со рекордна добивка во нејзиното повеќедецениското работење

Стопанска банка а.д. Битола за периодот 1.1.2021 – 31.12.2021 оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка во износ од 345,10 милиони денари, и со тоа 2021 година е една од најуспешните во повеќедецениското работење на Банката.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 31.12.2021 година се задржаа на релативно стабилно ниво и изнесуваат 290,42 милиони денари, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, паралелно со намалувањето на основната каматна стапка на НБРСМ, како и неминовното влијание на ковид-кризата врз субјектите во економијата, приходите од камати се пониски за 2,25 % споредено со минатата година, и покрај растот на кредитната активност.

Од Банката велат дека за извештајниот период се преземаа засилени активности за контрола на трошоците, меѓу кои и оптимизирање на изворите на средства и нивната цена, така што расходите по камати заблежаа подинамично намалување од 7,34 %. Паралелно со промените во приходите и расходите, нето-приходите од камати се намалија за само 0,20 % на годишна основа. Реализацијата на планот за нето-приходи од камати изнесува 82,15 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 10,72 % споредено со претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран позначаен годишен раст од 22,68 милиони денари, одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на кредитирање, како и приходите од провизии од картично работење, додека расходите за провизии и надоместоци растеа со побавно темпо и бележат зголемување од 7,93 милиони денари. Остварените нето-приходи од провизии и надоместоци се повисоки од планираните за 23,96 %.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 26,06 милиони денари и бележат зголемување од 24,42 % на годишна основа. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за 2021 година за 4,25 %. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 19,57 %, а тоа е резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во ековната година, што не е случај во претходната година. Исто и во оваа позиција реализацијата е поголема од планот за 2021 година за 3,86 %.

Најголемиот дел од добивката на Банката се должи на Исправката на вредноста на финансиските средства, која на нето-основа е позитивна во износ од 281,17 милиони денари, поради ослободената исправка на вредноста од наплатата на претходно отпишано побарување нетирано со издвоената исправка на вредност за пласмани според проценките за квалитетот на кредитните изложености.

Трошоците за вработените бележат намалување од 0,52 % споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 94,54 %. Останатите расходи од дејноста регистрираа контролиран годишен раст од 3,11 %, а реализацијата на планот изнесува 96,24 %. Амортизацијата на годишна основа бележи зголемување од 12,35 %, одразувајќи ги промените во недвижностите и опремата. Реализацијата на планот во оваа позиција изнесува 84,44 %.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП