3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку порасна просечната нето-плата во декември 2021

Колку порасна просечната нето-плата во декември 2021

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %) и Градежништво (7.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29 943 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП