18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Uniper“ значително ја намалува дивидендата за акционерите

„Uniper“ значително ја намалува дивидендата за акционерите

Германскиот енергетски снабдувач „Uniper“ значително ја намали дивидендата за своите акционери, оправдувајќи се со финскиот главен акционер „Fortum“. Одборот на директори нуди дивиденда од 0,07 евра по акција за финансиската 2021-ва година, објави „Uniper“.

Во претходната година „Uniper“ плати 1,37 евра по акција. Засега не е предвидена политика на дивиденда за 2022-ра година, објаснија од „MDax“, цитирана од „DPA“.

„Uniper“ става посилен акцент на „ликвидноста и капацитетот за инвестирање“, велат од компанијата. И мнозинскиот акционер „Fortum“ го поддржува новиот пристап.

За 2022-ра година, „Uniper“ очекува прилагодена оперативна добивка (Ebit) од 1,0 милијарди на 1,3 милијарди евра и прилагодена нето добивка од 0,8 милијарди на 1,1 милијарди евра.

Акциите поевтинија за 0,55% на 38,20 евра. Финансиските резултати за 2021-ва година, компанијата ќе ги претстави на 23-ти февруари, според планираното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП