3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСеријата „Galaxy S22“ доцни поради преголемата побарувачка

Серијата „Galaxy S22“ доцни поради преголемата побарувачка

„Samsung“ на 09.02 започна со преднарачки за триото „Galaxy S22“, а јужнокорејската компанија тогаш соопшти дека телефоните ќе пристигнат на 25 февруари, за оние кои однапред ќе нарачаат, но се чини дека нема сите да имаат таква среќа.

Имено, „Samsung“ се соочува со големи проблеми при испораката на моделот „Samsung Galaxy S22“. Од „Samsung“, меѓу другото, за „PCMag“ изјавија дека се благодарни за возбудата на клиентите во врска со новата серија „Galaxy S22“ и дека интересот за него е на врвот, а бројот на преднарачки ги надминува очекувањата на компанијата.

Оттаму додаваат дека поради овие проблеми, односно преголемиот интерес за телефоните, ќе има доцнења во испораката на телефоните во зависност од пазарот, моделот, бојата и слично, па затоа побараа од клиентите трпение и разбирање.

На официјалната веб-страница на „Samsung“ стои дека доколку некој денеска нарача телефон „Galaxy S22“ или „Galaxy S22 Plus“, ќе ги добие на 4-ти март, додека со ексклузивните бои на телефонот тие ќе почекаат уште подолго.

„Amazon“ и „Best Buy“ продолжуваат да прифаќаат нарачки однапред, но не откриваат информации за тоа кога телефоните би можеле да им бидат доставени на клиентите.

За потсетување, „Samsung Galaxy S22“ и „Galaxy S22 +“ се достапни во четири бои – црна, крем, сина и виолетова, додека „Galaxy S22 Ultra“ е достапен во црна, црвена и сина боја.

Почетната цена на телефонот „Samsung Galaxy S22“ во Европа е 850 евра, додека почетната цена на телефонот „Samsung Galaxy S22 +“ е 1.050 евра. „Samsung Galaxy S22 Ultra“ во Европа чини од 1.250 евра и до 1.650 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП