Проруските бунтовници во самопрогласените држави во источниот украински регион Донбас, Народна Република Донецк и Народна Република Луганск, се борат против украинската армија од 2014 година, но Москва досега официјално не ги призна како независни држави.
Украина и западот стравуваат дека признавањето на двете републики, може да доведе до испраќање руски војници во источна Украина.
Денис Пушилин и Леонид Пашечник, лидерите на бунтовничките републики, денеска јавно апелираа до Путин да ги признае.
Последните денови ситуацијата меѓу Русија и Украина ескалира, а во исто време има драматични изјави на западните сили дека руската инвазија на Украина е прашање на време и дека се подготвува целосен напад.