19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГардијан: Протекувањето информации на Credit Suisse демаскираше криминалци, измамници и корумпирани политичари

Гардијан: Протекувањето информации на Credit Suisse демаскираше криминалци, измамници и корумпирани политичари

Огромното протекување од една од најголемите приватни банки во светот, Credit Suisse, го откри скриеното богатство на клиенти вклучени во тортура, трговија со дрога, перење пари, корупција и други сериозни злосторства.

Детали за сметките поврзани со 30.000 клиенти на Credit Suisse ширум светот се содржани во протекувањето, кое ги демаскира корисниците на повеќе од 100 милијарди швајцарски франци, кои се чуваат во една од најпознатите финансиски институции во Швајцарија.

Протекувањето укажува на неуспехот од страна на Credit Suisse, и покрај повторените ветувања во текот на децении наназад за отстранување на сомнителни клиенти и недозволени средства.

„Гардијан“ е дел од конзорциум на медиуми кои имаат ексклузивен пристап до податоците.

Тие вклучуваат трговец со луѓе на Филипините, шеф на берзата во Хонг Конг затворен за поткуп, милијардер кој наредил убиство на неговата девојка, либанска поп-ѕвезда и директори кои ја ограбиле државната нафтена компанија на Венецуела, како и корумпирани политичари од Египет до Украина.

Една сметка во сопственост на Ватикан во податоците беше искористена за трошење 350 милиони евра (290 милиони фунти) во наводна лажна инвестиција во имот во Лондон, кој е во центарот на тековното кривично судење на неколку обвинети, вклучително и еден кардинал.

Огромниот број на банкарски податоци беше протечена од анонимен свиркач на германскиот весник Зидојче цајтунг. „Верувам дека швајцарските закони за банкарска тајна се неморални“, рече изворот на свиркачот во изјавата. „Претекстот за заштита на финансиската приватност е само лист од смоква што ја покрива срамната улога на швајцарските банки како соработници на затајувачите на данок“.

Тимот новинари и филмски работници на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ објави информации и за нашите познати бизнисмени Минчо Јорданов (Макстил) и Благој Механџиски (Зегин) кои имале сметки во Швајцарија. Според ИРЛ, во случајот на Јорданов ова може да претставува кршење на законите, бидејќи тој не ги пријавил швајцарските сметки за време кога бил вицепремиер во Владата на Бучковски.

Од истражувањето на ИРЛ се забележува дека бизнисменот и поранешен вицепремиер Минчо Јорданов има сметки во Credit Suisse отворени од 2000 до 2009 година.

-Не можеме да видиме колку вкупно пари имал на тие сметки, но можеме да видиме која сметка имала максимална сума пари и колкава е таа. На пример, кај Јорданов, максималната сума на една сметка изнесува 14,7 милиони швајцарски франци и ова е најголемата сметка. Има и други сметки со по 5-6 милиони франци, велат од ИРЛ.

Механџиски, од друга страна, има три сметки во Credit Suisse и сите три се отворени во јануари 2007 година. На Механџиски најголемата максимална сума на една од сметките е 13.3 милиони франци, а на другите две има околу 5 и 3 милиони франци, соопшти ИРЛ.

Во време кога се отворени сметките, швајцарскиот франк вредел до 1.6 во однос на еврото.

Сашка Цветковска, одговорен уредник во ИРЛ вели: „Овие луѓе се се најлошо, се што имаат направиле во оваа држава, целото нивно богатство, буквално се што имаат. И онака се однесувале многу лошо со системот кој неправедно ги наградил. Најбогатите луѓе кои ги стекнале сите пари благодарение на привилигиите овде, сепак одлучиле да ги чуваат надвор и да не плаќаат данок. Друго не знам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП