6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Continental“ размислува да го подели својот бизнис на четири одделни компании

„Continental“ размислува да го подели својот бизнис на четири одделни компании

Германскиот добавувач на автомобилски компоненти „Continental AG“ размислува да се подели на четири одделни бизниси за да ја зголеми својата пазарна капитализација, но прво мора да го убеди мнозинскиот акционер „Schaeffler“ за ефективноста на неговиот план, пишува „Manager Magazin“.

Четирите деловни области – гуми, автономно возење, автомоив и „ContiTech“ – ќе се продаваат или котираат на берзата, објави списанието, цитирајќи извори поврзани со дискусиите.

Овој потег би можел да ја зголеми пазарната вредност на „Continental“ од околу 17,5 милијарди евра на 40-45 милијарди евра.

Компанијата со седиште во Хановер претходно оваа година објави дека не планира да гради фабрика за чипови, како што има намера да направи нејзиниот ривал „Robert Bosch“. Со ова, „Continental“ се оградува од глобалниот тренд кај добавувачите на автомобили за изградба на капацитети за производство на полупроводници за да се намали дефицитот во овој сектор.

Во ноември, шефот на „Continental“, Николај Цецер, предвиде тешка 2022-ра година поради скапите суровини и недостигот на чипови, иако гледа подобрување на среден рок.

„Недостигот на чипови, како и зголемувањето на цените на суровините, веројатно ќе продолжат да вршат притисок врз автомобилската индустрија во четвртиот квартал од оваа година и во текот на 2022-ра година“, рече Цецер. Во октомври, „Continental“ ја намали прогнозата за приходи од 34,5 милијарди евра на 32,5-33,5 милијарди евра, додека прогнозата за оперативна профитна маржа падна од 6,5-7% на 5,2-5,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП