19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТранспортерите на работ на ликвидноста, мерки за опстанок сè повеќе од непходни

Транспортерите на работ на ликвидноста, мерки за опстанок сè повеќе од непходни

Или мерки или редуциран транспорт на стоки и услуги. Транспортерите го вклучија црвениот аларм поради екстремно зголемените трошоци. Растот на цените на нафтените деривати им ги наталожија сметките на превозниците.

Транспортерите со предлог мерки доставени до надлежните бараат помош за за да можат да си ги покријат зголемените трошоци. Со оглед дека нафтените деривати во нивната работа учествуваат од 45 до 60 проценти во зависност од дестинацијата, високите цени на горивата во голема мера им го отежна нормалното работење.  Превозот во никој случај не може да биде прекинат бидејќи земјата е повеќе од 90 проценти зависна од увоз и извоз на производи, но може превозот да биде редуциран. Во секој случај помош е неопходна за да може да се задржи ликвидноста велат транспортерите.

„Превозот не може да запре, ние може да редуцираме возила со кои што ќе го вршиме превозот, но ако не сакаме да пропаднеме мора да се движиме. Откако цените на горивата се повисоки и ваквиот тренд продолжува, ние дополнително се задолжуваме и ги зголемуваме трошоците. Во интерес на самата држава која што е 96 проценти зависна од превозот за патниот собраќај, мора да превземат соодветни мерки. Субвенции, враќање на дел од акцизата, замрзнување на цените на дериватите, одвојување на дел од резервите на нафта се дел од можните опции со кои можат да им помогнат на транспортерите. Kако репрезентативен претставник на превозните трговски друштва во последните години најмногу бараме да се имплементира обврската за враќање на дел од акцизите за комерцијални превози согласно член 7 од Директивата 2003/96/ЕЗ која се применува во сите држави членки на ЕУ, Србија и Црна Гора“, велат од Асоцијација на транспортери- МАКАМ ТРАНС.

Од асоцијацијата на транспортери очекуваат властите да им излезат во престет за дел од нивните барања. Владина прес служба потврди дека ја имаат добиено листата на барања и следува период за нивно разгледување.

„Владата ги доби барањата од МАКАМ-ТРАНС и тие ќе бидат разгледани”, велат од владата.

Согласно анализите од вкупниот број регистрирани транспортни компании, 90 проценти од нив се мали и микро фимри, додека 10 проценти имаат повеќе од 20 возила.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП