16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилот за кој сите зборуваат (ФОТО/ВИДЕО)

Автомобилот за кој сите зборуваат (ФОТО/ВИДЕО)

Снимен е на патека во Бахреин каде само неколкумина имаа можност да го видат овој многу „злобен“ автомобил.

Тешко дека ќе можете да видите спортски автомобил со пооригинален, но и поагресивен изглед.

Надворешниот изглед е толку радикален што е речиси невозможно да се открие чија е основата. Кога велиме дека Сем Ли стои зад сè, јасно е дека тоа е „Ferrari“, „F12“ кој работи со V12 мотор.

Да потсетиме, Сем Ли стана познат на пошироката јавност кога откри дека ја збогатил својата богата колекција со уникатен модел „F12 TRS“ инспириран од историскиот модел „250 Testа Rossа“.

Тешко е да се одлучи кој дел од автомобилот е поинтересен, оригиналниот преден дел со буквално намуртено лице или задниот дел во кој доминираат издувните топови и огромен дифузер.

Неговото име е „Veloqx Fangio“. Првиот збор е поврзаноста со британскиот тркачки тим, додека вториот збор не бара посебно објаснување. Самиот Ли е голем обожавател на „Ferrari“, но и легендарниот тркач Хуан Мануел Фанџо е голема инспирација за овој милијардер, па му се оддолжи со заштита на неговото име.

Како што дознава „Autosport“, Ли планира да произведува тркачки и друмски автомобили, се разбира во многу ограничено издание. Тркачките перформанси на патеката ќе се вратат во 2025-та година на 24 часа Ле Ман, а некои изведби треба да ги видиме на патот малку порано. Што се однесува до автомобилот што го гледате, претпоставката е дека основата била „F12 Berlinetta“, како и дека неговиот 6.3-литарски V12 со 740 ks (780 ks во „TdF“) е темелно изменет и ќе работи на биогориво. Да потсетиме, тимот на „Veloqx“ победи на трката во Себринг во 2004-та година во 12 часа со „Audi R8 LMP1“, а со овој модел сакаат да го освојат Ле Ман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП