11 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ „Nestle“ предупреди на пад на профитабилноста поради инфлацијата

И „Nestle“ предупреди на пад на профитабилноста поради инфлацијата

Швајцарската компанија „Nestle“ предупреди дека нејзината профитабилност би можела да падне втора година по ред во 2022-ра година, покажувајќи дека дури и најголемата светска компанија за храна и пијалаци не е имуна на инфлацијата што ги тресе трошоците, пишува „Bloomberg“.

Трошоците за суровините веројатно ќе пораснат повеќе во оваа година отколку во 2021-ва година, изјави извршниот директор Марк Шнајдер за новинарите во четвртокот, предвидувајќи дека маржата на главниот оперативен профит ќе биде 17-17,5% во оваа година во споредба со 17,4% во 2021-ва година.

„Ова, се разбира, е нешто што треба да го рефлектираме на нашите цени, и се однесува на сè – за сите географски области и категории. Речиси и нема место во компанијата што е изоставено од инфлација во моментов“, рече Шнајдер.

„Nestle“ е уште една компанија која предупредува дека инфлацијата ќе „гризе“ дел од профитабилноста. „Unilever“ минатата недела соопшти дека ќе бидат потребни две години за нејзината маржа да се врати на нивоата од 2021-ва година. „Heineken“ предупреди дека потрошувачките буџети се погодени од најлошата инфлација во последната деценија.

Прогнозата на „Nestle“ сè уште остава простор за одредено подобрување на маргините. Производителот на „Nespresso“ е во подобра позиција од неговите конкуренти бидејќи продава во категории со долг рок на траење и силни брендови кои го олеснуваат пренесувањето на повисоките трошоци, изјави минатата недела аналитичарот на „Baader Helvea“, Андреас фон Аркс. Продажбата на „KitKat“ се зголеми за 7,5% на органска основа во минатата година. Аналитичарите очекуваа раст од 7%. Компанијата предвидува дека растот на приходите ќе забави на околу 5% во оваа година. „Nestle“ веќе ги зголеми цените на 3,1% во четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП