27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Heineken“ ја доведе во прашање својата целна маржа за 2023-та

„Heineken“ ја доведе во прашање својата целна маржа за 2023-та

Производителот на пиво, „Heineken“ ја доведе во прашање својата среднорочна цел на профитната маржа поради значителното влијание на инфлацијата, откако објави повисоки од очекуваните финансиски резултати за 2021-ва година поради повисоките цени и заштедите на трошоците.

Втората по големина пиварница во светот рече дека пандемијата со Ковид-19 ќе влијае на нејзиниот приход до 2022-ра година, а влијанието на инфлацијата и притисоците во синџирот на снабдување ќе биде значајно.

„Генерално, очекуваме стабилно до умерено постојано подобрување на оперативната добивка во 2022-ра година“, се вели во соопштението на компанијата.

Производителот на брендовите „Heineken“, „Tiger“, „Sol“, како и на „Strongbow“, тврди дека сè уште цели на оперативна профитна маржа од 17% за 2023-та година, но дека има „зголемена неизвесност“ со оглед на економското опкружување и зголемените трошоци за производство.

Компанијата објави дека ќе ја ажурира својата прогноза за 2023-та година подоцна во оваа година.

Холандскиот гигант продаде 4,6% повеќе пиво во 2021-ва година отколку во 2020-та година, бележејќи раст во сите региони освен Азија, а зголемувањето на цените и преминувањето кон поскапи пива ги зголемија нето приходите за 12,2%.

Оперативната добивка на компанијата се зголеми за 43,8% во однос на претходната година на 3,41 милијарди евра. Ова е над консензусната прогноза од 3,30 милијарди евра. Претходно, „Heineken“ рече дека неговите резултати за 2021-ва година ќе бидат под оние од 2019-та година, пред пандемијата.

„Heineken“ соопшти дека достигнал 1,3 милијарди евра од вкупниот план за заштеди од 2 милијарди евра, кој вклучува укинување на 8.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП