19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМајкрософт повторно на шопинг, овој пат во сосема поинаков сегмент

Мајкрософт повторно на шопинг, овој пат во сосема поинаков сегмент

Откако Сатја Надела го презеде кормилото на Мајкрософт, компанијата потроши повеќе од 100 милијарди долари на аквизиции. Најзвучното име е она најсвежото – преземањето на Activision Blizzard за речиси 70 милијарди долари, што регулаторите допрва треба да го одобрат. Пред тоа најголема аквизиција беше LinkedIn (повеќе од 26 милијарди долари), а од попознатите имиња Мајкрософт ги купи и Mojang, Bethesda, ZeniMax Media и GitHub.

Најновите информации сугерираат дека на радарот на Мајкрософт сега е Mandiant, компанија позната по софтверот за сајбер безбедност, а цената на потенцијалното купување, според медиумските извештаи, треба да биде околу 4,5 милијарди долари.

Сајбер безбедноста е најголемата закана за компаниите денес, предупреди Сатја Надела при неодамнешното објавување на деловните резултати.

Пазарот за сајбер безбедност моментално е најинтересен за Мајкрософт, па покрај Mandiant, тие бараат и нови потенцијални цели за преземања. Минатата година купија неколку помали стартапи како CloudKnox Security, RiskIQ и CyberX, а оваа година се во потрага по нови компании чии решенија би можеле да ги имплементираат во своето безбедносно портфолио.

Овој пазар им е особено важен бидејќи, објаснуваат на CNN, безбедноста е профитабилен бизнис кој постојано генерира нови приходи преку годишни претплати и му помага на Мајкрософт да привлече нови корпоративни клиенти кои полесно ќе одлучат да ги користат нивните постоечки облак решенија и услуги.

Минатата година приходите од решението за сајбер безбедност изнесуваа повеќе од 15 милијарди долари, што е зголемување за 45% во однос на годината пред тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП