27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Michelin“ значително ја подобрува профитабилноста во 2021-ва

„Michelin“ значително ја подобрува профитабилноста во 2021-ва

Францускиот производител на автомобилски гуми „Michelin“ успеа да ја врати својата профитабилност на нивоата пред коронавирусот во 2021-ва година, пренесува „Automobilwoche“.

Минатата година, приходите од продажба на групацијата се зголемија за 16,3 отсто на 23,8 милијарди евра во споредба со 2020-та година. Оперативната добивка се зголеми за речиси 60 отсто на 2,97 милијарди евра, што одговара на оперативна маржа од 12,5 отсто. Во 2020-та година, маржата се намали на 9,2% поради првите национални блокади поврзани со појавата на коронавирусот.

„Michelin“ успеа да продаде околу 12 отсто повеќе гуми во 2021-ва година од претходната година, искористувајќи ги поскапувањата во индустријата.

Нето добивката достигна 1,845 милијарди евра, а предложената дивиденда достигна 4,5 евра по акција.

За тековната година, групацијата планира да ја зголеми оперативната добивка на над 3,2 милијарди евра, без валутни флуктуации.

Компанијата проценува дека лани загубила вкупно 4 производни дена поради проблеми со снабдувањето.

Другите конкуренти предвидоа можен пресврт на кризата во синџирот на снабдување. „Hella“ минатата недела предвиде значителни деловни ограничувања поради дефицитот. Шефот на германската компанија Ролф Брајденбах изјави за „Automobilwoche“ дека не очекува значително подобрување на ситуацијата со недостигот на полупроводници до почетокот или средината на 2023-та година.

Од своја страна, „Infineon“ рече дека очекува недостигот на компоненти конечно да се надмине следната година. „Претпоставувам дека ќе можеме добро да ја задоволиме побарувачката во 2023-та година“, рече Питер Шифер, шеф на одделот за автомобилски производи на компанијата. „Последните проблеми ќе бидат решени во 2023-та година“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП