28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАПетличковски: Зголемен бројот на заразени ученици од коронавирус

Петличковски: Зголемен бројот на заразени ученици од коронавирус

Бројот на школски деца заразени од коронавирус изминатата недела бележи зголемување, но сегашната препорака за настава со физичко присуство останува. Претседателот на Комсијата за заразни болести, Александар Петличковски, смета дека нема простор за загриженост. На денешниот состанок, анализирајќи ја епидемиолошката состојба од изминатата недела, утврдиле дека има подобрување во однос на претходната недела.

„Анализирајќи ја состојбата според индикаторите, како број на нови позитивни новооткриени случаи, процент на позитивни тестови од сите направени, како и број на вкупни случаи активни во државата, се забележува намалување, што значи и подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба. За тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години, каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи. Тоа се школските деца, кои ја тераат наставата во најголем дел со физичко присуство. Во моментот сѐ уште нема простор за загриженост. Се следи состојбата и ние апелираме како Комисија дословно да се следат протоколите за одржување на наставата со физичко присуство“, рече претседателот Петличковски.

Тој апелира до учениците и до родителите да соработуваат и да го прифаќаат тестирањето од најавениот скрининг за училишни деца. Со тестирањето ќе бидат опфатени 1.800-2.000 деца од целата држава, а се планира да почне следната недела. Целиот процес Комисијата очекува да заврши за една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП