15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија повлекува дел од војската на границата со Украина

Русија повлекува дел од војската на границата со Украина

Руското Министерство за одбрана соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите.

Сепак, големите вежби низ земјата продолжуваат.

Јужните и западните воени единици на Русија почнаа да ги враќаат своите војници на постојаните позиции по вежбите, изјави во вторникот портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Портпаролот, исто така, рече дека ја продолжува серијата вежби во кои се вклучени речиси сите окрузи и морнарици.

Да потсетиме, целиот свет се плаши од конфликтот во Источна Европа, а западните власти со денови зборуваат дека руската инвазија на Украина е многу веројатна и може да се случи наскоро.

Во последните денови, Западот и Киев постојано повторуваат предупредувања за потенцијална руска инвазија на Украина, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, постојано ги опиша таквите тврдења како „празни и неосновани“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП