18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поскапи цени на горивата

Од денеска поскапи цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на минатата недела.

Врз основа на оваа одлука, од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за еден денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за половина денар за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно остана на исто ниво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,046 денари за килограм и сега изнесува 46,491 денари..

Така, Од 15. февруари од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 82,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС-98: 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 74,00 (денари/литар)
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1): 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС: 46,491 (денари/килограм)

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,804% .

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП