22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lockheed Martin“ се откажува од аквизиција од 4,4 милијарди долари

„Lockheed Martin“ се откажува од аквизиција од 4,4 милијарди долари

Американскиот производител на оружје „Lockheed Martin“ објави дека поради противењето на законодавните тела кои се против монополот на пазарот се повлекува од договорот за купување на компанијата „Aerojet Rocketdyne“ вреден 4,4 милијарди долари.

Кон крајот на јануари, Федералната трговска комисија покрена тужба со намера да го блокира договорот што ќе му даде можност на „Lockheed“ да и наштети на конкуренцијата преку „Aerojet“, кој произведува ракетни мотори. Ракетната компанија „Raytheon Technologies“ отворено се спротивстави на предложената аквизиција.

Спојувањето, објавено кон крајот на 2020-та година, наиде на критики од „Lockheed“, кој ќе добие доминантна позиција над ракетните мотори со цврсто гориво – витален дел од ракетната индустрија во Соединетите држави.

Извршниот директор на компанијата, Џејмс Таикл, рече дека купувањето ќе ја подобри ефикасноста и брзината и ќе ги намали трошоците за производство на одбранбена машинерија за американската влада, но дека раскинувањето на договорот е во најдобар интерес на нејзините засегнати страни.

Договорот за спојување не вклучува надоместок за негово раскинување во случај антимонополските регулатори да се спротивстават на договорот, се наведува во регулаторниот поднесок. Портпаролот на „Lockheed“ претходно изјави дека компанијата не планира да изврши таква исплата на „Aerojet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП