7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка со намалена добивка за 2021 година

УНИБанка со намалена добивка за 2021 година

УНИБанка во текот на 2021 година успеа да оствари позитивни финансиски резултати, и оствари нето добивка на износ од 218.193 илјади денари, која е намалена во однос на претходната година кога изнесуваше 373.791 илјади денари.

Вкупните приходи од работење во 2021 година изнесуваат 1.715 милиони денари  и во однос на минатата година бележат зголемување од  5.89%.

Најголем придонес во добивката имаат од приходите од камати, кои изнесуваат 62 % и кои во споредба со 2020 година се намалени за 4,9%.

Значаен пораст има од приходите од провизии од 25%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.

Остварените расходи заклучно со последниот  квартал од 2021 година изнесуваат 1.497 милиони денари и бележат зголемувањеод 20% во однос на истиот период од  2020 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП