26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку е издржлив „Samsung Galaxy S22“? (ВИДЕО)

Колку е издржлив „Samsung Galaxy S22“? (ВИДЕО)

Само неколку дена откако „Samsung“ ја претстави новата серија на телефони „Galaxy S22“, стандардниот модел се најде тестот за издржливост.

„YouTube“ каналот „PBKreviews“, покрај издржливоста на уредот, реши да го расклопи „Galaxy S22“ со што ни дава увид во хардверот на телефонот.

Тестот на издржливост започна со потопување во вода, што не го загрозува уредот со сертификат „IP68“.

Тестот за гребење на екранот открива дека подлабоките засеци на екранот „S22“ се појавуваат од осмото ниво на скалата на Мос (самиот екран има „Corning Gorilla Glass Victus +“ заштита). Задниот дел е создаден од истиот стаклен материјал и беше изгребан на исто ниво.

Кога станува збор за тестот за издржливост, свиткувањето на уредот од двете страни не предизвика никаква штета, давајќи му на „Galaxy S22“ оценка за издржливост 10/10.

Интересен е и процесот на расклопување на телефонот, кој можете да го погледнете во придружното видео, а „S22“ доби оцена 7,5 / 10 за можноста за сервисирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП