25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрајното намалување или целосно укинување на царинските стапки од големо значење за...

Трајното намалување или целосно укинување на царинските стапки од големо значење за компаните

Измените во Законот за царинските тарифи влегоа во собраниска постапка. По скратена постапка, во текот на следната недела пратениците ќе ја започнат комисиската расправа по предлог измените во законот. Овие измени ќе опфатат 258 царински стапки.

Рабододавачите во исчекување на измените во Законот за цариснките стапки. Нивното намалување или целосно укинување ќе придонесе придвижување на економијата. Компаниите кои во време на пандемијата беа и најмногу погодени ќе почуствуваат големо олеснување со изменетите царински давачки. Метало-преработувачката, кожарската и текстилната индустија ќе имаат најголем бенифит од мерката.

„Мерката ќе влијае за намалување на финансиските импликации врз производите и поконкурентен производ на светските пазари. Оваа мерка предвидува олеснување на работењето на текстилните и кожарските компании кои мака мачат со опстојувањето во овој период, сметаме дека е една финансиска инекција за овие компании. Да се надеваме дека пандемијата што поскоро ќе остане зад нас и дека овие компании ќе ја искористат оваа поволност во делот на царинските олеснувања и ќе допринесат со својата стабилна економска состојба и извозот на своите производи на европските и светските пазари, како и за што повисок економски раст на државата и задоволство на своите вработени“, велат од Ораганизација на работодавачи

Во анализата на Стопанската комора олеснатите тарифи се резлутат на дијалог и дебата на база на аргументи и факти. Сепак од комората посочуваат дека има уште цариски стапки кои можат да подлежат на намалување и усогласување со ЕУ. Во најголем дел тие се однесуваат на репроматеријали во агро-секторот и во следниот период ова ќе биде приоритет на комората.

Намалените царински стапки ќе влијаат на конкурентноста на компаниите од преработувачката индустрија, пред сé на компаниите од автомобилската, електро-металната индустрија, металургијата, хемиската, како и на текстилната и кожарската индустрија. Со предложениот Закон се намалуваат царинските стапки до нивото на оние кои се пропишани во ЕУ за најприоритетните стоки, суровини и репроматеријали кои се користат како компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи, како и за други производи чие производство е условено од набавки од странство“, велат од Стопанската комора.

Со самите измени во постоечкото законско решение, се предвидува трајно да се намалат или укинат царинските стапки на 258 производи кои се увезуваат во земјата. На годишно ниво финансиската импликација во буџетот, која ќе биде индериректна помош на стопанството изнесува 13 милиони евра. Проекциите на Владата се дека со самото намалување или укинување на овие давачки домашните компании ќе бидат поконкурентни, ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми извозот и ќе се ангажира дополнителна работна сила.

Ч.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП