28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Coca-Cola“ успеа да ги надмине прогнозите

„Coca-Cola“ успеа да ги надмине прогнозите

Производителот на безалкохолни пијалаци „Coca-Cola“ објави квартални приходи и профит што ги надмина очекувањата на аналитичарите бидејќи потрошувачите купуваа повеќе од производите на компанијата додека поминуваат повеќе време надвор од дома. Така, резултатите на компанијата за прв пат ги надминаа нивоата пред пандемијата, пишува „CNBC“.

Но, гигантот даде пониска прогноза од очекуваното бидејќи очекува повисоката инфлација да продолжи да влијае на профитот во 2022-ра година. Конкурентот „PepsiCo“ издаде слично предупредување до инвеститорите за зголемените трошоци за пакување и транспорт.

Цената на акцијата на „Coca-Cola“ порасна за повеќе од 1% пред почетокот на трговскиот ден.

Гигантот објави нето добивка од 2,41 милијарди долари за четвртиот квартал, или 56 центи по акција, во однос на 1,46 милијарди долари, или 34 центи по акција, една година порано.

Без некои ставки, компанијата заработи 45 центи по акција, над просечната прогноза на аналитичарите од 41 цент по акција, според „Refinitiv“.

Нето приходот се зголеми за 10 отсто на 9,46 милијарди долари, над очекувањата од 8,96 милијарди долари. Органските приходи, кои не го вклучуваат влијанието на спојувањата или продажбата на средства, се зголемија за 9% во текот на периодот.

Сегментот со газирани безалкохолни пијалоци бележи зголемување на обемот на продажба од 8%. „Coca-Cola Zero Sugar“ има двоцифрен раст.

Обемот на продадени сокови, млечни и зеленчукови пијалоци е зголемен за 11%. Сегментот го вклучува „Simply“, кој е втор најголем бренд за приходи на компанијата. Во меѓувреме, гигантот работи со „Molson Coors“ за да ја објави „Simply Spiked Lemonade“ во ова лето.

Одделот за хидратантни, спортски пијалоци, кафе и чај има зголемување од 12% во обемот на продажба во текот на кварталот.

Во последниот извештаен период, „Coca-Cola“ доби целосна контрола над „Bodyarmor“ по договор од 5,6 милијарди американски долари, што и помогна на компанијата да го зголеми својот удел на пазарот за спортски пијалоци. За 2022-ра година, компанијата очекува нејзината споредлива заработка по акција да порасне за 5 до 6%, додека аналитичарите од Волстрит очекуваат раст од 6,1%. Компанијата смета дека повисоките трошоци за суровини ќе влијаат на профитот со просечен едноцифрен процент. Покрај тоа, „Coca-Cola“ предвидува дека нејзиниот органски приход ќе порасне за 7 до 8 проценти за целата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП