25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Siemens“ се пофали со силен раст на нарачките

„Siemens“ се пофали со силен раст на нарачките

„Siemens“ објави профит поголем од очекуваниот, откако германската технолошка групација соопшти дека ужива „ексклузивни“ нарачки од своите клиенти, пренесува „Reuters“.

Нарачките скокнаа за 52% на 24,21 милијарди евра, многу над очекувањата, соопшти производителот на возови и софтвер за фабрики откако компаниите се потпираа на опрема и побарувачката се зголеми по одложувањето поради пандемијата.

„Siemens“ сега има недовршени нарачки вредни 93 милијарди евра – највисоко ниво во историјата на компанијата.

Индустрискиот профит се зголеми за 12% на 2,46 милијарди евра во трите месеци до крајот на декември, над просечните прогнози на аналитичарите од 2,27 милијарди евра.

Приходите за кварталот (први од фискалната 2022-ра година на „Siemens“) се зголемија за 17 отсто на 16,50 милијарди евра. Ова се покажа дека е над прогнозата од 15,95 милијарди евра. Нето добивката на компанијата се зголеми за 20% на 1,8 милијарди евра.

„Имавме многу успешен почеток на фискалната 2022-ра година. Нашите бизниси продолжуваат да растат со висока вредност“, рече извршниот директор Роланд Буш.

Како еден од најголемите производители во индустријата, кој доставува опрема за фабриките, резултатите на „Siemens“ се показател за здравјето на економијата во целина.

Подемот на индустријата по слабеењето на пандемијата беше попречен од недостигот на компоненти, особено чипови, како и проблемите со логистичките синџири, што доведе до забавување на производството на автомобили, компјутери и други производи.

„Siemens“ вели дека гледа растечки можности за раст на многу клучни пазари и избегна големи проблеми со зголемените ризици во синџирот на снабдување во однос на компонентите, суровините и логистиката.

Скокот на нарачките на „Siemens“ беше предводен од бизнисот за автоматизација на компанијата, каде што нарачките се зголемија за 73%, забележувајќи раст во сите бизниси и региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП