19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата листа на должници

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.02/2022 објавени се 1.744 должници – правни лица (помалку за 18 од претходната листа) и 3.080 физички лица (повеќе за 44 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2022 изнесува 8.624.318.607 денари, помалку за 49.792.162 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.394.412.479 денари (помалку за 50.092.838 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 229.906.128 денари (повеќе за 300.676 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП