3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто се може да стори LG G2?

Што се може да стори LG G2?

lg g2

Додека се очекува премиерата на моделот „G2“ кај бројните оператори во светот, „LG“ објави видео кое покажува што се може овој уред да направи.

Во ова четириминутно видео компанија ги прикажува сите функции кои на корисниците ќе им бидат на располагање.

Покрај функционалноста на копчињата на задната страна на телефонот, тука се уште и функцијата „Audio Zoom“, „Slide Aside“ мултитаскинг функцијата, „OIS“ стабилизацијата…

„LG“ на овој модел престави нов „Full HD“ екран со дијагонала од 5.2 инчи, кој претставува најголем дисплеј за операции со една рака. Покрај тоа „Dual Routing“ технологијата ја намалува рамката на телефонот за 2,65 милиметри.

Со веќе докажаната „IPS“ технологија, „LG G2“ нуди и подобрена графика, прецизни бои и јасен приказ на сликата без дисторзии.

Овој паметен телефон ќе користи и графички „RAM“ (Graphic RAM – GRAM) за уште поголема енергетска ефикасност. „GRAM“ технологијата ја намалува потрошувачката на енергија на екранот и до 26 проценти и истовремено го продолжува трањето на батеријата за 10 проценти. Покрај оваа технологија „LG G2“ поседува и батерија од 3.000mAh, што гарантира голема издржливост при активно користење.

„G2“ го користи најнапредниот процесор за мобилните телефони, „Qualcomm Snapdragon 800“, кој го редифинира искуството за користење на паметните телефони низ подобрени перформанси, врвна графика и зголемен капацитет на батеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП