20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Bosch“ очекува да се врати во нормална работа до 2023-та

„Bosch“ очекува да се врати во нормална работа до 2023-та

„Robert Bosch“ очекува недостигот на полупроводници и зголемувањето на цените на материјалите кои им тежат на производителите на автомобили, и понатаму да влијаат на производството на возила во оваа година, пишува „Bloomberg“.

Сепак, менаџментот на компанијата очекува недостигот на чипови значително да ослаби во втората половина од годината. Надежите се дека „Bosch“ ќе се врати во нормална работа до 2023-та година.

Иако најголемата компанија за автоделови очекува глобалното производство да порасне на околу 85 милиони единици во 2022-ра година, сепак тоа е околу 8% под нивото пред пандемијата, објави гигантот.

„Bosch“ планира да потроши вкупно 400 милиони евра за проширување на своите полупроводнички погони во Германија и Малезија за да помогне во решавањето на проблемите.

„Има многу неизвесност“, им рече на новинарите извршниот директор на „Bosch“, Штефан Хартунг.

„Bosch“ очекува повторно да ги зголеми приходите во оваа година од износот од 78,8 милијарди евра во 2021-ва година, се додека нема поголеми проблеми.

Хартунг, кој ја презеде функцијата извршен директор претходно во оваа година, се обидува да го прилагоди „Bosch“ на промените во индустријата за батерии и појавата на дигитални услуги. Минатиот месец, добавувачот објави дека соработува со „Volkswagen“ за да развие заедничка софтверска платформа за да понуди функции за автономно возење за сите автомобили на компанијата. Целта на овој потег е да се натпреварува на ова поле со „Tesla“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП