4 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАДали короната сепак настанала во лабораторија? Најдени нови докази, вирусот не преминал...

Дали короната сепак настанала во лабораторија? Најдени нови докази, вирусот не преминал природно на луѓето!

Научниците пронајдоа траги од коронавирус кои би можеле да ја поддржат теоријата дека пандемијата започнала од лабораторија.

Откритието од анализата на примероците од почвата, сугерира дека коронавирусот можеби природно не преминал од диви животни на луѓето.

Сепак, потребни се повеќе докази, особено во однос на точното време кога вирусот ги инфицирал примероците, пишува Daily Mail.

Научниците во Унгарија пронајдоа траги од единствена варијанта на коронавирусот додека ја испитуваа ДНК од почвата на Антарктикот испратена до Sangon Biotech во Шангај.

Истражувачите пронајдоа и генетски материјал од кинески хрчаци и зелени мајмуни, што може да сугерира дека вирусот бил тестиран во лабораторија, користејќи ги или самите животни или нивните клетки.

Некои од оние кои ја поддржуваат теоријата за лабораториско протекување, сугерираат дека кинеските научници го конструирале вирусот во лабораторија за да го направат поопасен во кругот на експериментот, пред да им избега.

Сепак, наодите мора да се толкуваат со претпазливост, бидејќи ДНК на почвата можеби е контаминирана со вирусот од првите пациенти со Ковид, што Кина го пријави во декември 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП