17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовратник од Германија задоволен со платата од 18.000 денари(ВИДЕО)

Повратник од Германија задоволен со платата од 18.000 денари(ВИДЕО)

Полико Авдиу, вработен во текстилна фабрика која ја посети премиерот Димитар Ковачевски се вратил од Германија пред осум години и се вработил во Македонија. Сега ќе зема плата од 18.000 денари. Му се заблагодари на премиерот и вели дека парите се доволни за скромен живот.

„Јас сум задоволен. Бидејќи 18 години работев во Германија и напуштив од таму. Тука ме донесе среќата во ова компанија, пред осум години се вработив. Условите ги најдов исто како во Германија. Тоа да ви кажам искрено. Бидејќи сега ги гледам младите велат одиме во Германија, ама животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен, почнувајќи од директорите Дарко и Маријана, сме задоволни. Плус сега со минималната плата, благодарение на компромисот на премиерот со партнерите, синдикатот, работодавачите, таа вечер. Многу се заблагодарувам на премиерот што најдоа компромис. Кога има еден компромис, значи убава работа. Сега 18.000, не е многу, ама за скромен живот ќе се онади… ама мислам и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе. Директорите носат нови машини, ќе расте продуктивноста. За нашата компанија не можеме да се жалиме“, посочи Авиду.

Тој на крајот му честиташе и на Ковачевски за неговиот избор да биде премиер на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП