3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Dolce&Gabbana“ ги подели своите парфеми во нова компанија

„Dolce&Gabbana“ ги подели своите парфеми во нова компанија

Италијанската луксузна групација „Dolce&Gabbana“ формираше нова компанија која директно ќе управува со развојот, производството и продажбата на нејзините парфеми и козметика, изјави во понеделникот извршниот директор Алфонсо Долче.

Овој потег, во кој мултимилионскиот бизнис – клучен за многу модни куќи, но често управуван со лиценци – се реформира во сопствена компанија, е прв од ваков вид за италијанската компанија, објави „Reuters“.

„Размислуваме бизнис модел кој може да не доведе до обврски и партнерства со нашите производители“, изјави Долче за финансискиот неделник „L’Economia“ на „Corriere della Sera“.

Тој додаде дека овој потег е дел од „долгорочната стратегија во која се посветени на консолидирање, негување и промовирање на занаетчиските и производствените достигнувања на Италија“.

Модните брендови отсекогаш се фокусирале на луксузни производи за убавина во обид да ги диверзифицираат своите производи и да ја прошират својата база на клиенти.

Договорот за лиценцирање со јапонската козметичка компанија „Shiseido“ беше раскинат во декември.

Новата компанија ќе започне со капитал од 200-250 милиони евра преку самофинансирање и „поддршка од банкарскиот систем“, рече Долче.

Компанијата од март 2023-та година ќе почне да работи со 130-150 луѓе во Италија и уште со 100-120 во странство.

Долче ќе биде претседател, а поранешниот извршен директор на „LVMH“, Џанлука Тониоло ќе биде извршен директор.

Тониоло изјави за „L’Economia“ дека малопродажната вредност на бизнисот за убавина на „Dolce&Gabbana“ е нешто повеќе од 1 милијарда евра, од кои повеќето се должат на парфемите.

Тој додаде дека целта на новата компанија е да го „удвои, ако не и тројно“ уделот на пазарот во секторот за парфеми, да ја зајакне својата позиција во шминката и да развие производи за нега на кожата кои компанијата сè уште ги нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП