18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпании добиле решенија со стар рок за враќање на парите за помош...

Компании добиле решенија со стар рок за враќање на парите за помош од ковид програмата, УЈП тврди се е чисто

Бизнис секторот се соочува со нов проблем. Стопанственици од Сојузот на стопански комори се жалат дека добиле решенија за враќање на користената парична помош од државата за плати на вработените, но со повеќе месечно задоцнување. Од УЈП велат дека се било испратено навреме. Во меѓувреме, додека бизнисот се обидува да застане на здрави нозе, од државата добиваат нови закони и правила кои им ја забавуваат тенденцијата за опоравување од кризата.

Бизнисмените од Сојузот на стопанските комори не можат да добијат објаснување од државата која е причината што на нивна адреса се стасани решенија за враќање на средства добиени како помош за пандемијата, но со истечен рок. Како да делуваат и што следно да прават, велат дека немаат насоки. Ова го класифицираат како нефункционалност на државните системи, кој кулминирал за време на пандемијата. Стопанствениците од ова бизнис здружение велат дека сметководителите во нивните компании како единствената алка меѓу државата и стопанството, мораат да ги запазат сите пропишани рокови за даночни пријави, но не и државните институции. За Денар од ССК велат дека решенијата се стари веќе неколку месеци. Додаваат дека е последица на ненавременото постапување и нефункционалноста на електронските системи на Управата за јавни приходи.

„Во изминатиот период од страна на Управата за јавни приходи пристигнуваат решенија за враќање на користената финансиска поддршка во 2020 година и истите се со повеќе месечно задоцнување. Односно, иако датумот на решенијата е 24.12.2021 година, а роковите за враќање на поддршката се веќе поминати – 30.04.2021, 31.05.2021, 30.06.2021 или 31.10.2021, 30.11.2021 и 31.12.2021 година, во зависност од месеците за кои истата е користена во 2020 година. Останува нејасно што правела Управата во изминатиот период, па наместо навремено да се изготват овие решенија, истите ги добиваме кога пристигнуваат и новите рокови за враќање на поддршката користена во 2021 година кои почнуваат да течат од наредниот месец“, велат од Сојузот на стопански комори

Бизнисмените побараа од Управата да ги преземе сите потребни чекори пред ресорното Министерство за финансии и да ги одложи роковите за враќање на поддршката поради своето доцнење наместо течење на камати и присилна наплата на долговите, институциите ќе ги согледаат пропустите во своите редови и ќе одговорат соодветно на нашето барање, со цел полесно справување со последиците од пандемијата.

Но, од Управата за јавни приходи за Денар велат дека решенијата за враќање на искористената финансиска поддршка за компаниите се доставени во текот на 2021 година. Датумот за кој реагира комората се однесува на физичките лица кои самостојно вршат дејност, и додаваат дека по направените опсежни подготовки и проверки им биле доставени  решенијата за враќање на финансиската поддршка за април, мај, јуни, октомври, ноември и декември 2020 година.

„Корисниците на финансиска поддршка согласно условите опишани во одредбите од Уредбите и Законите кои се однесуваа на финансиската поддршка, уште со поднесувањето на барањето за финансиска поддршка беа запознаени дека треба да извршат враќање на финансиската поддршка. Дека обврската за враќање на финансиската поддршка не е новина или изненадување, туку е очекувана, е и поднесување на барање за пресметување на износот за враќање финансиската поддршка од страна на корисниците, со доставата на решенијата само е потврдена обврската“, велат за Денар од УЈП

Според правилата, искористената финансиската поддршка во 2020 година е неповратна за физичките лица што самостојно вршат дејност кои се оданочуваат според паушално утврден нето-доход, како и на корисниците физички лица кои самостојно вршат дејност и се оданочуваат според вистински доход кои не искажале даночна основа во даночните биланси, односно заради остварена загуба. За сите останати правилата велат дека финансиската помош е повратна во целост, но не повеќе од 50% од финансискиот резултат зголемен за непризнаените расходи искажни во даночниот биланс за 2020 година. Дополнително информациите на УЈП велат дека не е исклучена можноста кај оние кои ја вратиле помошта но не повеќе од 50% од основата за оданочување и кај оние кои немаат искажано даночна основа, со дополнителни проверки дали ги исполниле изјавите за исполнетост на условите или во постапка на надворешна или канцелариска контрола се утврди поинаква фактичка состојба во однос на искажаната даночна основа во даночните пријави, да се задолжат да ја вратат целата искористена финансиска поддршка со камата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП