19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦени на горивата во регионот: Еуросупер 95 најевтин во БиХ, еуродизелот во...

Цени на горивата во регионот: Еуросупер 95 најевтин во БиХ, еуродизелот во Македонија

Литар Еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,5 евро. Во Албанија може да се купи за 1,6 евра, а во Хрватска за 1,52 евра.

Литар Еуросупер 95 е поевтин во Србија каде чини 1,46 евра, Северна Македонија 1,29 евра и Босна и Херцеговина (БиХ) 1,25 евра, пренесува Мина.

Најевтиниот еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Бугарија, 1,24 евра, а најскапо жителите на Холандија 2,01 евро.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,39 евра. Во Албанија може да се купи за 1,59 евра, во Србија за 1,53 евра, а во Хрватска за 1,52 евра.

Литар Еуродизел е поевтин во БиХ каде чини 1,25 евра, а кај нас чини 1,16 евра, што е најниско во Европа.

Шведските граѓани за најскапиот еуродизел плаќаат 2,04 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП