1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефицата на ММФ: Можеме да очекуваме свет склон на шокови

Шефицата на ММФ: Можеме да очекуваме свет склон на шокови

Сè уште е рано да се процени дали светот се соочува со долг период на висока инфлација, рече шефицата на ММФ Кристалина Георгиева, предупредувајќи дека отпорноста на економиите на идни шокови може да доведе до големи проблеми.

Владите и централните банки мора внимателно да ја приспособат фискалната и монетарната политика во 2022-ра година, така што општото олеснување на мерките за поддршка и зголемувањето на клучните каматни стапки не го загрозуваат закрепнувањето, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд.

„Околностите се многу променети во споредба со 2020-та година, првата година од пандемијата, кога министрите за финансии и гувернерите на централните банки ги координираа и синхронизираа мерките, така што денешните потези бараат поголема „специфичност““, додаде Георгиева.

Инфлацијата трае подолго и зајакна повеќе од очекуваното поради прекините во синџирите на снабдување, неочекувано силната побарувачка за стоки и климатските шокови кои се одразија на цените на храната, објаснува таа.

На прашањето дали овие околности и ескалацијата на кризата во односите меѓу Русија и Западот поради Украина може дополнително да го продолжи периодот на висока инфлација, Георгиева одговори дека сѐ уште е рано да се проценува.

„Можеме да очекуваме свет склон кон шокови“, додаде таа.

„Поголемото инвестирање во отпорноста на луѓето, економијата и животната средина ќе помогне да се отворат повеќе можности за отворање работни места и просперитет, нагласи Георгиева.

„Ако не се контролираат, изгледите ќе бидат помрачни, што ќе резултира со повеќе неочекувани настани за кои нема да бидеме подготвени“, рече Георгиева.

Таа нагласи дека владите не се добро подготвени да се справат со повеќе кризи одеднаш.

Пандемијата на Ковид-19 останува најголемиот ризик со кој се соочува глобалната економија, па затоа е императив да се засилат напорите за подобрување на опфатот со вакцинација во земјите со ниски приходи и да се исполни целта од 70 проценти на вакцинирани луѓе во земјите ширум светот до средината на 2022-ра година. Минатата недела ММФ значително ги намали прогнозите за Соединетите Американски Држави, Кина и глобалната економија, предупредувајќи на ризиците од пандемиската неизвесност, инфлацијата, прекините на снабдувањето и построгата монетарна политика во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП