26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот Зара добивката од модата ја инвестира во друга индустрија

Сопственикот Зара добивката од модата ја инвестира во друга индустрија

Шпанската телекомуникациска компанија Телефоника се согласи да купи, со својот партнер, сопственикот на модниот бренд Зара, Амансио Ортега, 40 отсто од акциите во нејзината деловна единица Телкиус, која е во сопственост на ККР за 216 милиони евра.

Според Ројтерс, Телефоника и Ортега ќе станат единствени акционери на Телкиус, операторот на телекомуникациската инфраструктура, преку заедничката команија Понтел, се вели во поднесувањето на Телефоника до регулаторот на пазарот во вторникот вечерта.

Исто така, семејната компанија во сопственост на Ортега, Понтегадеа, ќе го зголеми својот удел во заедничкото вложување Понтел на 30 отсто од сегашните 9,99 отсто.

Телефоника продаде 40 отсто од акциите на Телкиус на фондот KKR за 1,27 милијарди евра за да го намали долгот, бидејќи воведувањето на 5G технологијата бараше големи инвестиции. Во тоа време, имотот на Телкиус вклучувал јарболи за мобилна телефонија на Телефоника, подморнички кабли и други средства.

Американската корпорација Тауер минатата година го купи најголемиот дел од имотот на Телкиус за 7,7 милијарди евра, а шпанската компанија има на располагање само неколку подморнички кабли.

Ортега оствари профит од компанијата Интидекс, која е во сопственост на Зара, и почна да инвестира во енергетската и телекомуникациската инфраструктура. Понтегадеа неодамна стана најголемиот приватен инвеститор во шпанската компанија за електрична енергија РедЕлектрик, со 5 отсто од акциите, а исто така купи и 49 отсто од акциите во шпанската енергетска групација Репсол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП