На почетокот на оваа недела видовме оглас на „Geekbench“ за сѐ уште официјалниот „Nokia G21“, а сега имаме прв поглед на уредот преку неколку рендери. „Nokia G21“ може да се види во темно кафеава, темно зелена и светло зелена боја.
„Nokia G21“ има дисплеј со исечок за селфи камерата во форма на капка на предната страна и тројна камера на задната страна. Островот на камерата го отфрла кружниот изглед на неговите претходници и преминува кон потрадиционален правоаголен изглед.


