2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРевизорите им ги „секнаа“ државните пари на кандидатите од Локалните избори кои...

Ревизорите им ги „секнаа“ државните пари на кандидатите од Локалните избори кои не поднеле финансиски извештаи!

Два месеци по завршувањето на Локалните избори, дел од учесниците се уште не си ги завршиле законските обврски кон државните институции. Иако правилата се децидни, дека постои краен рок за поднесување на финансиски извештаи за примени донации со кои се финансисра една кампања. Државните ревизори на кандидатите на Локалните избори кои не ги почитуваат законите, бара да им се стопира исплатата на пари од буџетот за покривање на останатите трошоци.

Државниот завод за ревизија ги известува учесниците во изборната кампања од Локалните избори одржани лани во ноември дека поднеле предлог до Државната изборна комисија, од каде се бара да биде донесена одлука за запирање на исплатата на средства од државниот буџет на Македонија, за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците кои не ги исполниле своите обврски.

„Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка, предвиден со член 84-б став 2 од Изборниот законик. Предлогот содржи податоци и информации за непостапување согласно законските обврски за 84 од вкупно 122 учесници во изборната кампања, од кои 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина“, стои во предлогот на ревизорите.

Од Државниот завод за статистика појаснуваат дека со цел навремено и транспарентно информирање на сите учесници во изборната кампања, а во врска со обврските кои произлегуваат од одредбите на Изборниот законик и Ревидираниот роковник за извршување на  изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје, донесен од Државната изборна комисија, законски пропишаните обврски важат подеднакво за секој од учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021 година.

„Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и  електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок.“ стои во дописот на ревизорите.

Првиот круг на Локалните избори се одржа на 17 ноември 2021 година, а вториот круг на 30ти истиот месец.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП