3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ING“ забележа раст на профитот, но ги зголеми резервите за лоши заеми

„ING“ забележа раст на профитот, но ги зголеми резервите за лоши заеми

Најголемата холандска банка „ING Groep NV“ објави повисоки од очекуваните провизии во својот извештај за четвртиот квартал, бидејќи се подготвуваше за влијанието на повисоката инфлација врз клиентите.

„ING“ објави 27% зголемување на добивката пред оданочување на 1,33 милијарди евра за четвртиот квартал на годишна основа, нешто под проценките на аналитичарите од 1,47 милијарди евра, според „Refinitiv“. За истиот период во 2020-та година добивката пред оданочување изнесува 1,05 милијарди евра.

„Малото несовпаѓање со прогнозите се должи на повисоките трошоци и резерви, делумно компензирани со повисоки приходи“, коментираат аналитичарите од „Jefferies“.

Акциите на компанијата, чија цена е речиси двојно зголемена во последната година, по извештајот паднаа за 4,5% до 12,89 евра по акција.

Резервирањата за лоши заеми се зголемија на 356 милиони евра во кварталот од 208 милиони евра, при што најголем дел од зголемувањето се должи на очекувањата дека забрзаната инфлација и трошоците за енергија може да влијаат на солвентноста на хипотекарните клиенти.

Иако вредноста на имотот на главните пазари на „ING“ во Германија и Холандија во моментов се зголемува, а реалните долгови остануваат ограничени, извршниот директор на компанијата Стивен ван Рајсвејк рече дека компанијата верува дека е мудро да се направат резерви.

Вредноста на штетата за деловните кредити е исто така поврзана со инфлацијата и каматните стапки, рече тој.

„Инфлацијата, која сега ја гледаме, се зголемува доста нагло – постои и потенцијален ризик дека вредноста на ризикот ќе се намали, така што во случај на неисполнување на обврските од страна на клиентот, тоа значи дека нашата стапка на закрепнување ќе падне“, објасни тој.

Ван Рајсвијк истакна дека позитивните резултати во текот на кварталот вклучуваат повисоки количини на заеми и силен раст на провизиите.

Како клучен показател за профитабилноста на банките, нето каматната маржа на „ING“ благо се намали во споредба со 1,37% од 1,41% од пред една година. Банката е под притисок на ниските каматни стапки, иако го ублажи ударот со наплата на негативни каматни стапки на поголемите депозити на своите клиенти.

Приходите од такси и провизии се зголемија за 20 отсто на 925 милиони евра на годишна основа бидејќи банката ги зголеми провизиите за малопродажба за банкарски пакети, плаќања и инвестициски производи.

Кредитите се зголемија за 4,8%, или за 13,4 милијарди евра, на 632 милијарди евра, со добар раст кај клиентите од банкарството на големо и зголемување на хипотеките за клиентите во Германија.

„ING Groep“ планира да им дозволи на своите вработени да работат од дома на половина време откако владите ќе ги укинат ограничувањата за пандемијата.

„Ќе продолжиме со работа во хибриден режим. Наша цел е луѓето да трошат приближно 50% во канцеларија и 50% дома. Тоа го очекувам, да бидам искрен“, рече Стивен ван Рајсвејк цитиран од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП