2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Bahn“ најавува 13,6 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата

„Deutsche Bahn“ најавува 13,6 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата

Германската државна железничка компанија „Deutsche Bahn“ во четвртокот објави дека годинава ќе инвестира околу 13,6 милијарди евра во модернизација и проширување на инфраструктурата.

Тоа е за околу 900 милиони евра повеќе од 2021-ва година.

Извршниот директор на „Deutsche Bahn“, Ричард Луц неодамна изјави дека во железницата треба да се инвестираат речиси 60 милијарди евра.

Роналд Пофала, член на одборот задолжен за инфраструктура, нагласи дека компанијата годинава ќе ангажира дополнителни 4.800 квалификувани работници за проширување и одржување на инфраструктурата.

Се планира да се работи на модернизација на 1.800 километри пруги, 2.000 крстосници, 140 мостови и 800 станици, а проектите во голема мера ќе се фокусираат на дигитализација на железничката мрежа.

Германската влада сака да го удвои бројот на патници кои патуваат со железница во земјата до 2030-та година, додека здруженијата и конкурентите долго време се обидуваат да ја прошират инфраструктурата за да овозможат поголема брзина на возот.

Пофала, пак, предупредува дека најавените планови ќе значат уште поголем прекин на сообраќајот поради градежните работи.

Стапката на прецизност на германските возови веќе е намалена на 75 проценти на меѓуградските линии во 2021-ва година, токму поради градежните работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП