2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворена нова експозитура на НЛБ Банка во населбата Аеродром

Отворена нова експозитура на НЛБ Банка во населбата Аеродром

Првите сто клиенти во експозитурата кои ќе аплицираат за НЛБ кредитнa или бизнис картичка добиваат бесплатна членарина за првата година на користење, додека првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација со привилегија за плаќање, добиваат три месеци бесплатно користење на истата.

Од денеска, мрежата на експозитури на НЛБ Банка е збогатена со уште една, нова експозитура во населбата Аеродром во Скопје. Експозитурата која е сместена во објектот „Порта Аеродром“ („Методија Шаторов – Шарло“, бр. 1, локал 3)ќе работи од понеделник до петок, од 08.00 до 16.00 часот, и ќе го опслужува сегментот население и правни лица,  нудејќи сеопфатни банкарски услуги: кредитирање, благајнички и менувачки работи, платен промет во земјата и странство, издавање и работа со платежни картички, штедни депозити, и други банкарски услуги.

Новата експозитура е со површина од 156 м2 и е опремена по најсовремени безбедносни, архитектонски и технолошки и стандарди, како и со 24-часовна самоуслужна зона со банкомат со можност за уплата на пари и низа други функционалности. Во самоуслужната 24/7 зона клиентите ќе можат самостојно да ги извршуваат следните трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на трансакциска сметка, уплата на кредит.

„Директниот контакт со банкарскиот комерцијалист е многу важен за голем број наши клиенти за кои советувањето на шалтер е одлучувачки фактор при изборот на производ или услуга. Токму затоа, заедно со нашата засилена стратегија за дигитализација во банкарското работење, остануваме силно посветени и на ширење на нашата продажна мрежа. Веруваме дека новата, пространа и модерна експозитура во ,Порта Аеродром’ ќе овозможи поголема достапност и побрза услуга за нашите клиенти” – истакна претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ, кој заедно со директорката на секторот за управување со продажна мрежа, Маја Ставрева Стојанова, ја посети новоотворената експозитура.

Со новата експозитура, продажната мрежа на НЛБ Банка брои вкупно 49 експозитури на територијата на Република Северна Македонија, од кои 24 во Скопје и 25 надвор од главниот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП