КОМПАНИИ

Сопственикот на ексклузивните Dream hotels во придружбата на Субрата Рој

dream11

Бизнисменот Сант Чатвал, сопственик на синџирот на експлузивни хотели Dream hotels  со седиште во Њујорк, е во делегацијата што го придружува индискиот бизнисмен Субрата Рој во Македонија.

Хотели на таа компанија покрај во Индија, има и во  Мајами, Лондон, Бангког, во Малезија… Dream hotels е меѓу најголемите приватни оператори на хотели во Њујорк со капацитет до 3.000 соби.

Сант Чатвал е и член на фондацијата „Вилијам Клинтон“ на поранешниот американски претседател Бил Клинтон.